Утрински Весник
Скопје

Град Скопје: Орце Ѓорѓиевски се бламира пред јавноста

Grad Skopje.jpg

Интегрален текст од соопштение на Град Скопје:

По изјавите на лицето Орце Ѓорѓиевски каде вчера коментира за некакви автобуси од Белград, не ни е јасно дали некој го мести да делува недоветно или самиот си верува во лагите кои ги кажува и со кои редовно се бламира пред јавноста.

Имено, од информации пласирани во јавноста автобусите „Соларис” за кои раководството на градот Белград најавило дека ќе ги донира во Македонија се наменети за сите градови во земјава. Ако ја следиме логиката на Орце Ѓорѓиевски, тогаш, сите градоначалници во земјава според него се неспособни да си ја вршат работата, а особено градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ каде се обавува јавен превоз.

Глупоста во изјавата на Ѓорѓиевски дотолку повеќе излегува на виделина, ако во предвид земеме дека Владата до овој момент не е способна со сопствени средства да набави автобуси за општините и градот Скопје, иако ние понудивме средствата за набавката да ги префрлиме на сметка на Владата а тие да ја спроведат набавката. 

Дополнително, со оваа изјава на Ѓорѓиевски се потврдува информацијата пласирана во јавноста во изминатите денови од лице блиско до руските структури во земјава и истовремено блиско до ВМРО-ДПМНЕ, на кое пред две години му беше оневозможено да врши дејност во Скопје поради сомнеж за финансиски малверзации, кое изјави дека планира со 100 автобуси да отпочне повторно со вршење на оваа дејност. 

Дали со оваа донација од Белград се подготвува ова лице, блиско до ВМРО-ДПМНЕ и руските безбедносни служби, повторно да влезе во дејноста со јавен превоз и со помош на ВМРО-ДПМНЕ да го приватизира ЈСП. Дали оваа најавена бизнис зделка е причината зошто Советот на Град Скопје раководен од ВМРО-ДПМНЕ системски го уништува ЈСП Скопје, не дозволува набавка на нови автобуси и зошто не се исплаќа Владиниот долг од 8 милиони евра кон ЈСП за превозот на студентите?

Лицето Орце Ѓорѓиевски треба посериозно да се посвети на својата работа, а помалку да се грижи за работата на другите градоначалници. Ова лице како претседател на ЗЕЛС целосно ја киднапираше и политизираше институцијата, поради што за прв пат по 50 години постоење градоначалници ја напуштаат оваа сега партизирана организација. 

Ѓорѓиевски треба да одговори, не со празни флоскули туку со докази и бројки, колку од проектите од неговата предизборна програма реализирал и дали е вистина дека реализацијата е под 15% од ветените проекти.

Можете да прочитате

Утре делови од една скопска општина без вода

За време на викендот во Скопје отстранети 60 кубни метри отпад

Герасимовски: 1.500 пријавени пензионери на повикот за доделување еднократна парична помош