Утрински Весник
Економија

Синиша Пекевски: Владата е инертна по однос на економијата

Sinisa Pekeski.jpg

Економскиот аналитичар Синиша Пекевски ги критикува економските политики на владата, фокусирајќи се на високата корупција и инертноста на власта, како главни причини за лошите економски прогнози. Според него, непостоењето на вистинска волја за промени и фокусирањето на политички проекти наместо на реални економски инвестиции само ја влошува ситуацијата.

„Лошите прогнози не се изненадување, бидејќи базата за тие проценки е реална. Корупцијата, која е длабоко вкоренета во нашата држава, е главниот проблем. Дополнително, Владата продолжува да вложува во општински проекти кои немаат економска вредност и само го зголемуваат долгот, наместо да инвестира во проекти кои ќе донесат нова вредност и ќе ги привлечат странските инвеститори,“ вели Пекевски.

Тој ја посочува стагнацијата на проектот „Бехтел и ЕНКА“, за кој се префрлени над 250 милиони евра, како доказ за лошото управување со економијата и недостатокот на реални резултати.

Можете да прочитате

Угостителските услуги во јуни поскапи за 2.6% од истиот месец лани

Костадиновска-Стојчевска: Со ребалансот власта крати од инвестициите во културата

Тренчевска: ВМРО ветуваше подобар живот, денес граѓаните живеат со бедни плати и во сиромаштија