Утрински Весник
Балкан

Речиси седум од десет Грци сметаат дека земјата оди во погрешна насока

Grcija 1.jpg

Речиси седум од десет Грци, односно 68 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока, а поскапувањето на цените останува главен проблем за Грција, согласно анкетираните, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето каков е впечатокот за работата на Владата, 92 отсто од испитаниците одговориле „негативен“, додека 65 отсто го оцениле негативен и начинот на кој актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис ја врши неговата должност.

Во однос на тоа кој е најсоодветен за премиер, од понудените лидери на политичките партии, прв избор на граѓаните е „никој“ со 37 отсто, по што следи Мицотакис со 29 проценти.

На политичката сцена, Нова демократија е стабилна на првата позиција, но со намален рејтинг и добива 22,5 проценти, ПАСОК е втора со 15,3 отсто, а потоа следат Грчко решение и Комунистичката партија, додека СИРИЗА е на петтата позиција со 6,8 проценти.

За две седмици шефот на турската дипломатија Хакан Фидан ќе биде во посета на Атина, а повеќе од половина од анкетираните, односно 56 отсто сметаат дека односите со Турција во следните месеци „ќе се влошат“.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, било спроведено од 16 до 22 октомври 2024 година.

Можете да прочитате

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени