Утрински Весник
Балкан

Трифуновиќ на новинарите: „Не излегувам, е*ете се“ – конфликт со сопругата и полицијата

074a186b 7658 4c65 B66b 9696605868ae.jpg
Dik 300x250 mk

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ повторно привлече внимание со неговите зборови упатени кон новинарите. „Тука сте, па да ви кажам дека нема да излезам. Сега ќе дојде некоја девојка да го шета кучето, јас нема да излезам. Е*ете се, вратете се во шталата, нема да излезам надвор денес, чао“, им рекол тој, според српскиот Курир, пренесен од Индекс.

Ова доаѓа по инцидентот во кој актерот и неговата сопруга се скарале во нивниот стан, при што Трифуновиќ наводно побарал развод, што довело до ескалација на ситуацијата. Иако беше спроведен разговор со полицијата, обвинителот изјави дека нема елементи на кривично дело.

Сепак, била поднесена прекршочна пријава против неговата сопруга Исидора, која е државјанка на Хрватска, бидејќи илегално престојувала во Србија. По правосилноста на пресудата, таа ќе мора да плати парична казна и да ја напушти Србија во рок од 24 часа. Исидора моментално се наоѓа во имиграциски центар, а наскоро ќе биде однесена на хрватската граница.

Можете да прочитате

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

По смртоносниот пожар, оставка поднесе директорот на Домот за пензионери во Тузла

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди северниот дел на Грција