Утрински Весник
Спорт

Манчестер сити постави рекорд во Лигата на шампионите

20241024091305 Big 730x400 43.webp.webp

Манчестер сити синоќа ја совлада Спарта (5:0) во натпреварот од 3. коло од Лигата на шампионите. Англискиот тим ја продолжи серијата без пораз на турнирот која трае 26 натпревари.

Според прес-службата на УЕФА, тимот на Пеп Гвардиола го собори рекордот на Манчестер јунајтед за најдолга серија без пораз.

Оваа сезона Манчестер сити победи два пати и еднаш одигра нерешено. 

„Граѓаните“ со седум бодови го заземаа третото место во поредокот. 

Можете да прочитате

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот