Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Општина Струмица ја напушта ЗЕЛС

Kostadinov 1.jpg

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска најави дека општината ќе испрати официјален допис до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) за напуштање на организацијата. Според него, овој чекор е резултат на долгогодишните обиди за соработка кои не дале резултати.

„Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис. ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е“, напиша Костадинов на социјалните мрежи.

Оваа одлука доаѓа по неговата остра реакција на продолжувањето на забраната за користење на водата за пиење во Струмица. Тој ја осуди оваа одлука, тврдејќи дека водата е исправна и безбедна за употреба.

„Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско-физички и микробиолошки. Некој скапо ќе плати за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани“, нагласи Костадинов.

Тој исто така додаде дека наскоро ќе се открие вистината не само за квалитетот на водата, туку и за сите притисоци врз инспекторите и вработените во Институтот за јавно здравје, за да не ги објавуваат резултатите кои не одговараат на политиката на Цветан Трипуновски.

„Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има“, стои во објавата на градоначалникот Костадинов.

Можете да прочитате

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации