Утрински Весник
Македонија

Наутро студено , преку ден сончево 

Esen4.webp.webp

Времето наутро ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 23 степени.

Според прогнозата ан УХМР, продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени.

-По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, информира Управата за хидрометеоролошки работи

Можете да прочитате

Нокс: Регионалниот пристап носи модерен, ефикасен и одржлив систем за управување со отпад со реални придобивки за граѓаните

За еден ден казнети 113 возачи на мотоцикл во Скопје

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија