Утрински Весник
Македонија

Претседателката го помилуваше екс градоначалникот на Битола Владимир Талески

A96wbcsag6c8bpnbhpx9.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилуваше поранешниот градоначалник на општина Битола Владимир Талески, дознава ТВ21. Тој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“. Со одлуката на претседателката доби намалување за една година.

Во 2022 година Апелациониот суд донесе правосилна пресуда за случајот во кој Талески беше осуден на седум години затвор за Злоупотреба на службената положба и овластувања во организирањето на бесплатниот школски превоз, но бидејќи во куќен притвор помина три години, за одлежување во затвор му останаа уште четири.

Во овој случај имаше и конфискација на нелегално стекнати пари, во износ од над пола милион евра.

Талевски по вторпат е помилуван од претседател на државата. Во 2016-та година, претседателот Иванов колективно потпиша аболиција на 56 лица, главно политичари и функционери меѓу кои беше и тогашниот градоначалник на Битола.

Неговиот некогашен соработник од Општина Битола, секретарот Слободан Бончановски, за истото кривично дело беше осуден на 5 години и шест месеци затвор

Можете да прочитате

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана

По трагичната несреќа во Швајцарија, Македонија подготвена да прифати повредени