Утрински Весник
Свет

Хезболах исклучува преговори додека траат борбите со Израел

20241022165239 Big 730x400 44.webp.webp
Dik 300x250 mk

Либанското милитантно движење Хезболах соопшти дека нема да се водат преговори додека траат борбите со Израел и ја презеде одговорноста за напад со дрон врз резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Групата потврди дека целосно ја презема одговорноста за нападот, изјави Мохамед Афиф, портпарол на поддржаното од Иран екстремистичко движење. Израел претходно извести за обид за атентат врз Нетанјаху со дрон, што тој го оквалификува како „сериозна грешка“.

Хезболах исто така призна дека Израел заробила некои од нејзините борци при започнатата копнена операција во јужен Либан. Групата истакна дека и таа планира во блиска иднина да зароби израелски војници.

Можете да прочитате

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка