Утрински Весник
Македонија

Делегација на МВР на Саем на одбрана и безбедност во Турција: Со напредни технологии за ефикасна борба со криминалот

1729607193 4.jpg

Делегација на министерството за внатрешни работи деновиве предводена од заменикот министер за внатрешни работи Астрит Исени и помошникот министер за односи со јавност Мухамед Исмаиљи е во посета на реномираниот Саем за одбрана, авијација и вселенска индустрија „САХА Експо 2024″ во Истанбул.

Во рамките на саемот, делегацијата на МВР ќе оствари работни средби со претставници на познати турски компании со наменско производство од областа на одбраната и безбедноста и ќе се запознае со најновите технолошки достигнувања на полето на безбедноста и одбраната.

Стратешка определба на новото раководство на министерството е унапредување на процесите како дигитализација на македонската полиција и услугите кои МВР ги нуди кон граѓаните и унапредување на техничко-технолошката опременост со најновите достигнувања во индустријата со цел поефикасна борба со сите видови криминал и унапредување на безбедноста на сите граѓани.

На саемот присуствува и делегација од министерството за одбрана предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со Началникот на генералштабот Сашко Лафчиски.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор