Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Здравствените работници во десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација

20241022090218 Big 730x400 14.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Здравствените работници имаат десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација, поради природата на својата работа. Здравствениот работник може да заболи од грип од своите пациенти или колеги. Постојат студии кои покажуваат дека за време на епидемија, во здравствена установа повеќе од половината здравствени работници кои се грижат за пациентите со грип, и самите се инфицирани од вирусот, истакнуваат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Грипот е сериозна болест, може да предизвика пневмонија, бронхит или да ги влоши хроничните здравствени состојби. Вакцинацијата против грип, секоја година, е најдобар начин да се заштитиш себеси од ова заболување, подвлекуваат од ИЈЗ.

Постојат студии што покажуваат дека здравствените работници можат да го пренесат грипот на своите пациенти, особено ако се осетливи да развијат компликации.

– Грипот е опасен за мали деца, возрасни и лица со ослабен имунитет или други хронични заболувања. Како резултат на пренос на грип од здравствен работник, некои пациенти може да развијат компликации опасни по животот, како што се документираните случаи на смрт од грип во неонатални центри за интензивна нега и на онколошки педијатриски одделенија, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Татко и син од гевгелиско заедно дилале – осомничени за илегална трговија со марихуана

АХВ: Уништени се над 22 тони киви од увоз

СДСМ: Нема пари за мерки против загаден воздух – има за криминални тендери