Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Салцбург: Решение без уцени за спорот со Бугарија, модел по примерот на Преспанскиот договор

Img 5806.jpeg

На 20. Европски самит во Салцбург, премиерот Христијан Мицкоски изрази сериозна загриженост за стагнацијата на Македонија на патот кон Европската Унија, поради, како што го опиша, „нерационален и билатерален спор“ со Бугарија. Во своето обраќање, посветено на реформите и интеграцијата во ЕУ, Мицкоски нагласи дека е потребно конструктивно решение, кое ќе биде прифатливо за сите засегнати страни, но без уцени и условувања.

Мицкоски предупреди дека дури и ако се прифатат уставните измени за вклучување на Бугарите, не постојат гаранции дека нема да следат нови барања во иднина. Ова го претставува како потенцијална опасност за долгорочниот процес на интеграција.

„И покрај уставните измени, нема сигурност дека ова ќе биде последниот услов. Ние сме подготвени да најдеме решение преку дијалог, но мора да бидеме заштитени од нови барања што би можеле да се појават,“ рече Мицкоски.

Како едно од можните решенија, премиерот ја предложи примената на формулата од Преспанскиот договор, кој беше прогласен за значаен чекор кон евроинтеграцијата на Македонија. Тој го опиша овој договор како

Можете да прочитате

Ахмети со писмо до Мицкоски: Одлуките на Уставниот суд ја доведуваат во прашање стабилноста и меѓуетничката кохезија

Саем за студии во Франција во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Комисијата за здравство го одбележува месецот за подигнување на свеста за рак на дојка