Застрашувачки снимки доаѓаат од Велика Британија, каде беснее бурата Ешли, која досега предизвика поплави, пожари и големи материјални штети.
Како што претходно прогнозираа експертите, бурата Ешли „пристигна“ во северозападна Европа во неделата, а од најсилниот удар ќе бидат погодени Ирска, Велс и Шкотска.
Во останатиот дел од викендот циклонот ќе го помести својот центар уште западно и северно од Ирска и ќе ја зафати цела Ирска и Велика Британија.
Storm Ashley hits in Amrothe of Wales, UK. pic.twitter.com/9n0msTLgj7
— News Of The Globe (@NewsOfEarthTr) October 20, 2024
Пожар имало во центарот на градот Корк, каде поради силно невреме биле срушени електрични кабли, кои удриле во дрво и предизвикале пламен. На мрежите беше објавено видео од тој инцидент.
„Бурата Ешли го погоди Салтил вечерва Ова е Атлантикот во неговото најлудо издание“, рече Пол О’Брајан, кој сподели видео од поплави на крајбрежјето и силни ветрови.
Издадени се и стотици предупредувања за поплави, а некои патишта се затворени. Има предупредувања за материјални штети на згради, прекини на струја и повреди и опасност по животот од ветровите со голема брзина.
Десетици илјади домови останаа без струја во неделата навечер, откако невремето го зафати островот.
Mullet peninsula at 3pm #StormAshley pic.twitter.com/uuMHp7h8iI
— The Glutton (@TheGlutton) October 20, 2024