Утрински Весник
Спорт

Синер го победи Алкараз и го освои егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија

Siner.webp.webp

Светскиот рекет број еден, Јаник Синер ја освои наградата од 6 милиони долари на егзибицискиот турнир наречен „Сикс Кингс Слем“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Синер во финалето го совлада Карлос Алкараз со 6:7(5), 6:3, 6:3 за два часа и 21 минута игра.

Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал со 6:2. 7:6(5) во мечот за третото место.

Ривалството меѓу Синер и Алкараз го вади најдоброто од двајцата, изјави италијанскиот тенисер и додаде дека се надева дека тоа ќе трае долго.

-Се разбудив наутро обидувајќи се да смислам начини како да го победам. Ваквото ривалство, овој тип на натпревар секогаш не турка до 100 отсто од нашите способности. Се надевам дека ова ривалство ќе трае што е можно подолго. Но, има уште толку многу големи играчи кои можат да настапат… Да видиме што носи иднината, прокоментира Синер во своето интервју по натпреварот.

Италијанецот и Шпанецот освоија по два Гренд Слема оваа година, а Алкарас го победи Синер во тешките мечеви во полуфиналето на Ролан Гарос и финалето на турнирот во Кина. Тие играа меѓу себе 10 пати на АТП ниво, а 21-годишниот Шпанец победи на шест натпревари, вклучувајќи ги и последните три. 

Можете да прочитате

ПМФЛ: Силекс ја „растури“ Струга, Вардар поразен од Беса

Уште еден рекорд на Лука Модриќ – го надмина и Пушкаш

Маркез од очај до блесок до триумф во Австралија!