Утрински Весник
Спорт

Српски фудбалер Гудељ кој за малку ќе умреше на теренот: „На трибините имаше Божји ангел!“

108287 Dragisa Gudelj 3 Instagram F.jpg

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ летово по препорака на докторите ја заврши професионалната кариера откако за малку ќе го загубеше животот на фудбалскиот терен. Срцето на Гудељ минатата година двапати запре. Првите проблеми настанале во март кога бил клинички мртов, но лекарите успеале да го спасат. Слично нешто се случи и во декември, пишува Гол.мк.

Неколку месеци по завршувањето на кариерата даде интервју за шпански „АС“. Тој раскажа како сега сака психички да зајакне по повлекувањето од фудбалот. На прашањето на што се сеќава од март 2023 година, кога колабираше на мечот помеѓу неговата Кордоба и Расинг де Ферол, тој одговори:

„Практично бев мртов на теренот, без пулс. Сето тоа ми беше како секунда. Кога станав прашав што се случи со мене. Мислев дека некој ме удрил. Подоцна ми рекоа дека сум бил во несвест околу седум минути, додека застојот на срцето траел три минути.

Имав среќа што Бог се погрижи тој ден на трибините да биде неговиот ангел Пепе Сегур, кардиолог во болницата во Кордоба, еден од најдобрите во Шпанија и голем навивач на Кордоба“.

Гудељ кариерата ја започна во младинските категории на НАЦ Бреда бидејќи е роден во Холандија, каде што израснал, но има српско државјанство. После тоа играше за Б тимот на Ајакс, швајцарскиот Волен, португалскиот Гимараеш и последно за Кордоба. Играше на позицијата стопер, а можеше да ја покрие и позицијата лев бек.

Можете да прочитате

РК Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Порто

Барселона казнета со 500.000 евра поради лажни финансиски извештаи

Од почетокот на сезоната блеска во Србија и порачува: Сакам да заиграм за Македонија!