Утрински Весник
Скопје

Инспектори на АХВ упаднаа во зоолошката и извршија масакр врз птиците – ВИДЕО

Screenshot 20241019 152559 Youtube.jpg

Во скопската зоолошката градина попладнево инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) без налог, решение или каков било друг доказ упаднале и убиле неколку десетици птици.

ЗОО Скопје како што наведува, за ова дело ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ, инспекторите и лицата кои со оружје упаднале во зоолошката градина.

Од изутринава без налог, решение или каков било друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на директорот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина.

Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк, обвинуваат од Зоолошката градина.

Од Зоолошката градина посочуваат дека целта е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот.

Зоолошката градина во Скопје денеска е затворена, а на социјалните мрежи и во медиумите беа објавени информации за појава на „птичји грип“.

Во разговор за 24Инфо поранешниот директор и единствен кандидат за нов директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски потврди дека е затворен зоолошката градина поради постоење на вирус.

Како што вели тој се уште официјално не е потврдено за каков тип на вирус или бактерија се работи. Иако сомневањата се дека се работи за птичји грип, тој се надева дека резултатите ќе бидат попозитивни бидејќи некои видови на вирусот се смртоносни.

Тој ни потврди дека инспектори на АХВ се веќе на терен, посетителите биле веднаш евакуирани, а вработените се во карантин.

Вели овој вирус се пренесува преку птици и не знае како точно тој се нашол помеѓу оние во зоолошката градина.

Можете да прочитате

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена во следните 21 ден

АХВ: Потврдено е присуство на вирусот Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

Глаетановски: Вработените се во карантин, посетителите веднаш евакуирани од ЗОО Скопје