Утрински Весник
Македонија

Љутков: Скопје ќе има нова Универзална сала до 2028

20241018210128 Big 730x400 72.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот Зоран Љутков очекува дека ќе потраат три-четири месеци процедурите за да може Министерството за култура и туризам законски да го гради објектот на Универзална сала. Како што рече, нивните правници и надворешните консултанти работат на тоа законски да го донесат правото на пренесување на проектот од Град Скопје во Министерство за култура и туризам.

– Мора да се направи промена на закони, има пет-шест чекори кои треба да се направат. Тоа можеби ќе потрае три-четири месеци… Проектот е во ред, не го оспоруваме, немаме ништо против изведувачот кој досега ги изведувал работите, во првата фаза, рече Љутков во Дневникот на ТВ Сител.

Посочи дека изведувачот можеби нема да биде ист и за втората фаза од проектот, која е стопирана.

– Значи, повторно ќе се распише тендер, бидејќи проектот не е целосно затворен. Во проектот го нема уредувањето на платото и го нема мебелот во Универзална сала. Ќе побараме да се направи и тоа за да имаме проект „клуч на рака“, рече министерот.

Соопшти и дека помеѓу првата и втората фаза се уште немаат извештај за настанатата штета, немаат пресек што е направено и ја немаат проценетата вредност на вкупниот објект.
Одговори потврдно на прашањето дали гарантира дека Скопје ќе има нова Универзална сала до 2028 кога треба да биде Европска престолнина на културата, со оглед на процедурите што претстојат.




Можете да прочитате

Богдановиќ обвини дека во СДСМ има србофобија, од Бихаќка му вратија дека ја предал партијата за пари

Филипче со честитка за Католички Божиќ: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Мицкоски со честитка за Божиќ до сите кои го празнуваат денеска