Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО АНАЛИЗА: Свежо, променливо и ветровито време, со услови за слаб дожд

Esen.jpg
Dik 300x250 mk

Викендов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно свежо со сончеви периоди, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот, особено до крајот на денешниот ден и Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

Ќе има услови и за слаб локален дожд, особено во западните предели.

Во Скопје и околината викендов ќе имаме слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а до крајот на денешниот ден повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени. Во Скопје максималната температура викендов ќе се искачува во интервалот помеѓу 18 и 19 степени.




Можете да прочитате

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра

Топол викенд имаме во Македонија, температурите надминаа 20 степени

Три лица организирано краделе кабли од „Железара“ и направиле штета од над 440 илјади евра