Утрински Весник
Македонија

Вања во минатото се обидела да се исече со тврд предмет – Полицијата најпрво се сомневала дека таа сака да ги казни родителите

На денешното сведочење за убиството на Вања и Панче на вкрстено прашање од адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегчиќ како го извеле заклучок дека девојчето не е киднапирано и дека можеби како што рече „сака да ги казни родителите”, сведокот рече дека во разговорите со родителите направиле профилирање на нивниот социјален и приватен живот.

– Од тие разговори ние буквално „ги соголевме”. Од нивните разговори добивме до знаење дека таа еднаш се обидела да се сече со тврд предмет. Да, да. Имало ситуации на несогласувања меѓу нив. Добро паметам, девојчето Миња рече, се сеќаваш еднаш кога се боцна, и Зорица рече да, да. Тогаш дојде индиција дека ете може сакала да ги казни и избега, за да ги смири, рече сведокот.

Прашан дали добиле впечаток дека станува збор за грижливи родители, сведокот рече да.




Можете да прочитате

Мицкоски не очекува турбуленции на пазарот со електрична енергија во земјава

Уште една кривична пријава против градоначалникот на Струга поради незаконско назначување директор на училиште

Во избришаната порака не пишувало „кажете само колку пари треба“, туку „полицијата не презема ништо, тврди дека Вања е избегана“, уверува Туфегџиќ