Утрински Весник
Македонија

Кога полицијата му тропнала на врата, Велибор Манев се онесвестил – 24info.mk

1729246166 293 11.jpg

[Sassy_Social_Share]

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пред судот сведочеше Дејан Димовски началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје.

О – што велеше Александар, од каде се снимките?

д – он како загрижен татко одел по истите места кај што одевме ние. Него му помагаше едно лице Гоце, кажа дека му е кумовска врска некоја, 20 години не сме се виделе ама сега се најде тука ама многу ми помага, ги знае луѓето, има луѓе по полиции, може да помогне, за Гоце кажа меѓу другото дека Палчо ѝ бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце. Палчо бил зет за прва братучедка на мајката на Гоце и дека се познавале нешто.

О– од каде ги добива тој камерите?

д – не знам од каде, јас претпоставувам дека му ги дале на пријателска база. Подоле најдовме менувачница, рече биле таткото и мајката, можеби Гоце имал врски ги обезбедувал тие снимки ама ние ги имавме веќе.

О – ве известија ли дека има камера на место кадешто ви предочил дека точно од некој објект се гледа влезот од згарадата

д – мислите за другата страна имаше една црвена бутка нешто за кафиња

О – кој ве извести за тоа, Александар?

д – да, Александар ама со Гоце ја открил таа камера монтирана на монтажен објект. Рече дека има камера, ние отидовме таа вечер, кажа ќе обезбеди контакт со газдите, дојдоа вечерта касно и отидовме и таму да видиме. Камерата беше насочена натака, дали имаше домет не знаевме, земавме техничар, рече нема струја, газдата рече дека знаел дека има струја. Праша дали да го земеме ресиверот, ни го дадоа, направивме обиколка како нема струја и доле имаше пресечен кабел. Го земавме ресиверот, може снимило нешто, ама немаше ништо дури ни од претходните денови ни кога работел.И да имало струја може ќе сме немале среќа.

Судија: Поспоро, со имиња, да биде јасно

д – се вративме назад, ги лишивме од слобода Кешишев и две лица од седиштето на Десна, не им ги знам ден денес имињата.

О – по кој основ ги приведовте лицата, заради кои сомнежи?

д – мислам дека основното ни беше за предизвикувања општа опасност, поради возилото, немавме поврзаност и мислевме дека ќе го расчистуваме Панче

, не знаевме што е со него, дали е инволвиран или е жртва, имавме верзија дека можеби Панче е сторител и затоа го пали возилото. Во станица разговаравме со трите лица и во исто време беа Лита и сопругот нејзин, сабајчето видовме дека двете лица од Десна не ни беа интересни, едниот беше телефонџија нешто се сеќавам и ги пуштивме во координација со јавен обвинител, ги ослободивме и Лита и сопругот.

Остана уште Кешишев, правевме проверки, Кешишев велеше не знам ништо, ретко го напуштам објектот, не се сеќавал кога бил подалеку, рече не бил во Велес. Ние претходно одржавме состанок со колегите од Велес, за тоа исчезнување. Ни кажаа дека одел во Будва, Црна Гора, не било чудно да исчезне.

Во разговорите со Кешишев, тој се гледаше дека нешто крие, ние сме со илјадници случаи, почна да спомнува, со кого се дружи, што со Палчо, рече му готвам, таму живееме, јас спијам во таа куќа. Имал подкасти Палчо, правел кафе кога има гости и демек не сум слушал муабети, Спомнуваше некој Веља, некој од Велес, па не знам како се презиваше. Моите го побараа кој е Веља, по систем утврдивме Велибор Манев од Велес, му покажавме и слика од системот, рече тој е тој. Видовме дека еден од колегите рече, овој Веља невоља живее на иста адреса, на иста улица со Панче. Дојде нешто сомнително и интересно, некаква поврзаност. Цело време се координиравме јавниот обвинител, да не повторувам. Одлучивме да пуштиме распит до СВР Велес, да се пронајде лицето и изврши претрес, тоа беше многу касно околу 12 ноќта отприлика, на втори вечерва ваљда не знам како му доаѓаше, Кешишев е уште приведен.

Велешанецот падна во несвест кога полицијата отиде на претрес кај Вељо. Велешани ни кажаа дека кога отишле таму, паднал во несвест, кога ги видел. Го собраа, го приведоа и го донесоа во Скопје.

Можете да прочитате

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство