Утрински Весник
Македонија

Комеморација за Михаил Ренџов – 24info.mk

Screenshot 2024 10 18 091923.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, заедно со Друштвото на писателите на Македонија и ПЕН центарот во Македонија, информираат дека на 21 октомври во 12 часот ќе се оддржи комеморација за писателот-великан Михаил Ренџов (1936-2024) во Центарот за култура и студии во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

„Се проштеваме од еден од нашите великани, поетот на светлината и малкузборноста. Михаил Ренџов за навек ги продолжува светлите патеки на македонската литература, по патот на светлината што во македонската литература ја внесе Климент Охридски, и ја продолжи својата поетика низ певот на псалмите издигнувајќи го македонскиот јазик на високиот пиедестал на јазиците. Во својот работен век Ренџов беше поврзан со свети Климент Охридски, зашто библиотеката што го понесе името на овој македонски светитетел и беше негов работен простор цели три децении, а во кој тој промотивно ја внесе македонската, но и светската поезија.

Говорници на комеморацијата ќе бидат Јовица Никчевски (директор), д-р Владимир Мартиновски (претседател на ПЕН центарот во Македонија), Гордана Михаилова Бошнакоска (од Друштво на писателите на Македонија) и д-р Марина Мијаковска (НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје)“, се наведува во информацијата.

Можете да прочитате

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби возила за Поштa

Со 2,44 промили возел пијан низ Кичево

Безживотно женско тело најдено во езерцето во паркот во Струмица