Утрински Весник
Спорт

Медведев се повлече од турнирот во Виена поради повреда

Medvedev.jpg

Рускиот тенисер Данил Медведев се повлече од АТП турнирот од серијата 500 во Виена поради проблеми со рамото, соопштија денеска организаторите.

Медведев (28) го повреди рамото на Мастерсот во Шангај каде во четвртфиналето загуби од Италијанецот Јаник Синер (1:6, 4:6).

Турнирот во Виена ќе се одржи од 21 до 27 октомври. Наградниот фонд на турнирот е околу 2,4 милиони евра.

Медведев на ланскиот турнир во Виена играше во финалето во кое загуби од Синер (6:7, 6:4, 3:6).

Можете да прочитате

Суспендирани се судии во АБА 2 лига – 24info.mk

ПСЖ му го продолжи договорот на Луис Енрике – 24info.mk

Кристијано Роналдо е најплатен фудбалер во светот – 24info.mk