Утрински Весник
Македонија

Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство

Charshi A.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во организација на Комисијата за култура и туризам денеска во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство.

На отворањето на настанот воведни обраќања ќе имаат Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието, Зоран Љутков, министер за култура и туризам и Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам.

Како што и нформираат од собраниската прес-служба, тематски говори ќе имаат Велика Стојкова-Серафимовска, членка на Комисијата за култура и туризам и акредитирана експертка на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, Сулејман Рушити, директор на НУ Гостиварски театар, Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство и Ивона Опетческа-Татарчевска, национална координаторка за нематеријално културно наследство во Македонија.

На крајот, во рамки на настанот ќе се одржи и дискусија за нематеријалното културно наследство.

Можете да прочитате

Одложено судењето на екс директорот на скопскиот затвор Филип Андов – Сокол

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме историска победа, во СДСМ не се доволни само неколку оставки

Заедно пиеле па потоа го убил – Еден осомничен за убиство во дојранско Сретеново