Утрински Весник
Македонија

Бислимовски: Одлука е на самата општина Карпош дали ќе се исклучи или не од парното

Bislimovski.jpg

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски денеска посочи дека има правила за снабдување за компаниите кои се задолжени да испорачаат топлинска енергија, додека за индивидувалните корсници од нив самите зависи дали ќе се греат на парно или не.

„Таму каде што има калориметри, не во згради, туку во индивидуални куќи, тогаш сопственикот може и сам да го исклучи или вклучи (парното). Во оваа насока го гледам тоа што го направиле во општина Карпош. Тоа е одлука на самиот потрошувач. Во Скопје реално температурите се релативно поволни и мислам ќе нема проблем. Факт е дека сите општини во градот Скопје во изминатиот период се соочија со зголемени трошоци на топлинска енергија“, кажа Бислимоски запрашан од новинарите дали градоначалник на една општина да носи одлука да нема испорака на греење за училишта на територија на општината.

Ваквиот негов став следува по препукувањата на релација МОН-општина Карпош за парното греење во основните училишта на територијата на скопската општина. Градоначалникот Стевче Јакимовски бара исплата на долг, а министерката Весна Јаневска тврди исплатени се сите блок дотации кои се за општините.

Можете да прочитате

Оружјето со кое е убиена Вања се уште не е пронајдено

Голема полициска акција „Премин“: Приведени 16 лица за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

АХВ ги доби резултатите за квалитетот на водата во Струмица