Утрински Весник
Македонија

Предлог-измените на Законот за домување на комисиска расправа

Domuva E.webp.webp

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. На дневен ред на оваа Комисија има една точка – Предлог на Законот за дополнување на Законот за домување во прво читање, предложен од пратениците на политичката партија Левица.

Како што стои во образложението објавено на собраниската веб-страна, со Предлог законот ќе се дополни одредбата на членот 65 од матичниот Закон во однос на максималниот износ на висината на закупнината на годишно ниво на стан и ќе се уредат прекршочни одредби за непочитување на оваа одредба.

– Во Законот за домување во членот 65 по ставот 3 се додава нов став  4, кој гласи: „(4) Висината на закупнината на годишно ниво, не може да биде повисока од 3% од вредноста на становите утврдена согласно со методологијата за утврдување на вредноста на станот од ставот (3) на овој член“. Член 2 – Во членот 126 став 1 по точката 5) се додава нова точка 5-а), која гласи: „5-а) издаде или користи стан или дел од стан во закуп или подзакуп спротивно на висината определена во членот 65 став (4) од овој закон“, се вели во образложението за ова законско решение.

Пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференција на 16 септември најави дека ќе поднесат ваква законска измена од две причини, односно во комуникација со студентски организации заклучено е дека бројот на студетските легла во Скопје е преполовен.

– Ако 2020 година, тој бил 4000 легла, сега е, речиси, 2 000 легла. Овој проблем нема да се санира скоро и во комуникација со студентските организации дојдовме до заклучок дека санирање општествено на овој проблем е потребно. Една од овие санации кои можеме да ги предложиме е токму ова, а тоа е ограничување на износот за изнајмување на кириите, рече тогаш Мециновиќ.

Со новото законско решение се предвидува глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност да му се изрече за прекршок на сопственик на стан или деловен простор во станбена зграда, односно закупец, ако: редовно не го одржува станот, односно не се грижи за одржувањето на станбената зграда, согласно со членот 11 став (4) на овој закон; не го спроведува донесениот план за одржување (член 12 став (6)); редовно и навремено не ги плаќа надоместоците за одржување или другите видови надоместоци (член 28); не даде овластување на друго лице (член 60 став (3)); месечно не го плаќа својот дел од трошоците за управување и во резервниот фонд (член 62 став (1)); издаде или користи стан или дел од стан во закуп или подзакуп без склучен
договор за закуп согласно со членот 66 ставови (1), (2) и (3) на овој закон; постапи спротивно на членот 66 став (4) од овој закон; не достави примерок од договорот за закуп до органот на управата надлежен за работите на јавните приходи и до надлежната служба на општината (член 70 став (4)) и на барање на општината не ги достави податоците од членот 113 став (1) на овој закон. 

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор