Утрински Весник
Македонија

Филипче: Законот за правична застапеност не може да се прави во партиски штаб на ВЛЕН

D 7.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телевизија Сител, посочи на недоследностите во актуелната Влада во врска со носењето на нов Закон за правична застапеност откако Уставен суд го укина балансерот.

„Од ВЛЕН најавуваат дека се работи на некој закон, а министерот за правда вели дека не е информиран,” истакна тој. Ова е многу чувствително поле кое бара широки консултации, вклучување на експертската јавност, во која ние апсолутно ќе се вклучиме и ќе дадеме свој придонес,” додаде Филипче.

Во однос на процесот на изработка на закони, Филипче нагласи дека тие не треба да се прават во партиски штабови. „Не смееме да дозволиме ваков еден закон да се прави во некој партиски штаб на ВЛЕН,” рече тој. Според него, правичната застапеност на сите групи е важен аспект и е дел од еден инклузивен процес. „Сметам дека е потребна правичната застапеност на сите групи, ако треба да се дискутира и за тоа кои групи и како ќе бидат вклучени. Што поинклузивен процес да направиме, тоа е дел од една еволуција,” истакна Филипче.

Тој ја изрази подготвеноста на партијата да поддржи јавна расправа за новиот закон за правична застапеност. „Во контекст на нов закон и нов предлог, апсолутно ќе поддржиме каква било јавна расправа. Впрочем, ние сме тие коишто секогаш повикува да има јавна расправа за сериозни закони, на пример, повикавме да има јавна расправа за законот за заемот за Унгарија, за која за жал, Владата не се сложи,” изјави Филипче.

Тој додаде дека законите и уставот треба да служат на луѓето, но дека со тек на времето потребите се менуваат. „Секој закон е направен да служи на една група на луѓе кои живеат во едно одредено време, на едно одредено место. Со тек на време, потребите се менуваат,” објасни тој.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор