Утрински Весник
Македонија

Во тоалет на автобус со македонски таблици пронајден куфер – еве што имаше во него

Policija.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, меѓу кои и облека.

– Женска бунда, 2 машки костуми, 2 женски чанти и 2 батерии за дрон, откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи, кои имале ознаки на познати светски брендови и чија вредност е проценета на 3,9 милиони денари а избегнатите давачки изнесуваат 1,2 милиони денари, биле пронајдени во куфер сместен во тоалетот на автобусот. Возачот изјавил дека куферот го преземал како пратка од лице од Италија и не знаел што има внатре. Производите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Можете да прочитате

МВР со највисока доверба кај граѓаните во борбата против корупцијата

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани

СДСМ: Нема пари од ИПАРД има смешни анкети од МВР