Утрински Весник
Спорт

Алекс Фергусон повеќе не е на платниот список во Манчестер јунајтед

Fergi Ocila.jpg

Сер Алекс Фергусон, менаџер на Манчестер јунајтед во најславната ера на клубот од „Олд Трафорд“, повеќе нема да биде дел од „црвените ѓаволи“ ниту во својство на амбасадор.

Косопственикот на клубот Сер Џим Ретклиф, директор на нафтената компанија Инеос, неформално го известил легендарниот 82-годишник дека повеќе нема да биде на платниот список, пишува „Атлетик“.

Причина за ваквиот потег е намалувањето на клупските трошоци.

Фергусон ги водеше „црвените ѓаволи“ од клупата од 1986 до 2013 година, освои 13 титули во Премиер лигата, пет ФА Купови и два трофеи во Лигата на шампионите.

По неговото заминување, започна лошиот период за навивачите на гигантите од Манчестер, кои од заминувањето на Фергусон не успеаја да ја освојат шампионската титула.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига