Утрински Весник
Македонија

Уживајте во сонцето до утре (среда), од четврток пад на температурите, позначителен пад на истите за викендот со врнежи од дожд, на планините можен е и снег!

Meteoalarm.mk 21.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

До утре (среда) уживајте во сонцето, во релативно летните температури во текот на денот, или пак како што ние Метео Прогнозерите го кажуваме Мини Лето. Од четврток облачноста ќе се золеми и ќе има локални послаби врнежи од дожд.

Локално пообилни врнежи ќе има за време на викендот.  Температурите од четврток ќe бележат тенденција на опаѓање, а особено ниски тие ќе бидат за време на викендот, кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 18 степени.

Поради продорот на значително постудена воздушна маса од истокот и од североистокот на Европа, за време на викендот на планините над 1600 метри надморска височина ќе има  и врнежи од снег.

И во Скопскиот регион од четврток облачноста ќе се зголеми па во деновите потоа, како и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.

Сето ова, особено за време на викендот ќе биде проследено и со ветер од југоисточен правец, кој особено ќе засилува на интезитет во горниот дел од Повардарието.

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова