Утрински Весник
Македонија

ЕУ го одврзува ќесето: До крајот на годината земјите од Западен Балкан ќе ги добијат првите пари од Планот за раст

Zapaden Balkan.webp.webp

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека земјите од Западен Балкан треба да ги добијат првите пари од Планот за раст до крајот на годината.

-Пет од шесте реформски агенди ќе бидат усвоени оваа недела и тоа значи дека исплатата на шест милијарди евра од Планот за раст може да започне пред крајот на годината, изјави таа во Берлин.

ЕУ одобрува реформски агенди со цел земјите од регионот да добијат право да добиваат финансиски средства од Планот за раст.

БиХ не доби зелено светло затоа што не поднесе целосна реформска агенда до Брисел.

Фон дер Лајен истакна дека Планот за раст е мост помеѓу Заедничкиот регионален пазар и единствениот пазар на ЕУ.

-Планот за раст е најважен и со него велиме дека не можете да ги блокирате другите. Можете само да се блокирате себеси. Ако сакате напредок, соработувајте со другите. Тоа е процес заснован на заслуги. Колку поблиску се доближуваат земјите кандидати за целта, толку подобро за нив, а тоа ќе го направат исклучиво според сопствените заслуги, нагласи таа.

Во Берлин денеска се одржа самитот на Берлинскиот процес и беше усвоен новиот Акциски план за Заедничкиот регионален пазар.

-Ова беше можност да погледнеме наназад десет години за она што е направено. Берлинскиот процес отсекогаш бил застапник, архитект и сидро на силна врска меѓу нас. Многу се променија за десет години, конфликтите донесоа нова свест во ЕУ, таа поголема Унија – посилна унија, рече Фон дер Лајен на прес конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Работите се сменија, рече таа, а проширувањето повторно е на врвот на агендата, така што кога гледате кон иднината, гледате кон иднината со сите шест партнери од Западен Балкан во ЕУ.

-Верувам дека сите земји од Западен Балкан мора да бидат дел од ЕУ. Таму се важни владеењето на правото и економската интеграција. Затоа Берлинскиот процес е промотор на заедничкиот пазар за Западен Балкан и е многу е важно тој да функционира непречено. Тој го доближи регионот и сите нив до ЕУ, рече таа.

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности