Утрински Весник
Македонија

Над 14.000 граѓани пријавени за бесплатна вакцинација против грип

Vakcina Vakcinacija 830x0 1.jpg

Над 14.000 граѓани веќе се пријавени на веб-страницата – вакцинација.мк, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатно вакцинирање против сезонски грип за ризични групи население, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. 

Како што појаснуваат, предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела. 

– Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини, нагласуваат оттаму.

Граѓаните може да се пријават за вакцина преку интернет и на тој начин, потсетуваат од Министерството, директно се регистрирани за вакцинација во системот „Мој термин“.

– Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку СМС ќе се добие повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи: повозрасни лица – над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица, додаваат од Министерството за здравство. 

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година