Утрински Весник
Балкан

Самит на Берлинскиот процес – 24info.mk

20241014070629 Big 730x400 11.webp.webp

Во германскиот главен град денеска ќе се одржи самит на т. н Берлинскиот процес, на кој ќе присуствуваат претставници на шесте земји од Западен Балкан како и на Европската Унија.

Берлинскиот процес за Западен Балкан започна во 2014 година на иницијатива на Германија и има за цел да ја поддржи и продлабочи економската интеграција на шесте земји од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Република Северен Македонија) и конвергенција на регионот со вредностите на ЕУ и социо-економските стандарди.

Иницијативата обезбедува политичка поддршка на високо ниво и широк дофат и видливост на иницијативите за регионална соработка и поврзаните политики, како и на проектите за поврзување на ЕУ во регионот.

Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-подржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).

Првата средба во рамките на таканаречениот Берлински процес се одржа на 28 август 2014 година на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел.

Можете да прочитате

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија