Утрински Весник
Спорт

Работници од Албанија и Романија се тепале при изградба на Камп Ноу

1234.jpg

Во овој момент скоро 2.000 работници работат на реновирање на „Камп Ноу“, а пред неколку дена некои од нив физички се пресметале, па добиле откази од изведувачот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како работниците во тепачката користат метални прачки. Неофицијално во прашање се работници од Романија и Албанија.

Причините се уште не се познати, но тие завршиле со конфликт кој ескалирал толку многу што работниците се удирале со шипки. Шест работници се здобиле со повреди, но за среќа никој потешко“, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Ќе потсетиме, Барселона работи на проширување на „Камп Ноу“ кој треба да биде најголем стадион во Шпанија и трет по големина во Европа. Реконструкцијата треба да заврши во 2026 година. Трошоците на Барселона би требало да изнесуваат 1.45 милијарди евра.

Можете да прочитате

Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија

Се започна од Крањ, денот кој ќе биде запаметен во македонската фудбалска историја (ВИДЕО)

Јамал се повреди на мечот со Данска