Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на платите во    образованието е важен чекор, СДС наместо да го игнорира треба да го поддржи

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Како и секогаш до сега кога се во прашање важни одлуки како зголемување на платите, СДС повторно не може да најде простор за поддршка.

Затоа, ќе ги искористиме следниве емотикони: 🙈😱👍😋.

Очигледно е дека повеќе би сакале да молчат отколку да признаат дека нашата влада презема вистински чекори.

Но, шегата на страна.

ВМРО-ДПМНЕ сериозно се грижи за граѓаните и затоа ја донесе одлуката за зголемување на платите – за подобрување на животниот стандард на сите.

Ова е важен чекор кој СДС, наместо да го игнорира, треба да го поддржи за доброто на народот.

Молкот на СДС е уште еден доказ за нивната неодговорност и недостиг на визија.

Граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат одговори и дела, а не плитки избрзани критики во слабост од луѓе кои за 7 години буквално ја уништија државата.

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер