Утрински Весник
Спорт

Милевски: Максимално ја респектираме Ерменија и засилено се подготвуваме

Milevski Makedonija Ermenija.jpeg

Избраниците на Милевски денес првпат ќе тренираа на местото на одигрување на натпреварот против Ерменија во Ереван,

Пред официјалниот тренинг селекторот зборуваше пред мечот од Лигата на Нации.

„Кажав дека натпреварите меѓу Македонија и Ерменија ќе одлучувааат за првото место во групата и стојам зад таа изјава. Го следев натпреварот на Ерменците на Фарски Острови. Тимот е тој кој го знаеме, максимално го респектираме и засилено се подготвувамеМуслиу многу подобро се чувствува, но ќе видиме како ќе реагира по тренингот. Истото важи и за останатите, тимот ќе го одлучам по тренингот. Максимално се подготвуваме како и за секој ривал. 

Пред почетокот на овој октомври циклус целта ни беше да останеме на првото место. Не е важно како ќе дојдеме до таа цел, треба само да ја оствариме. Целата подготовка е насочена кон Ерменија и како треба да изгледаме на терен. Не сакаме да мислиме на комбинации, за тоа ќе размислуваме во ноември. Секој натпревар не наликува на претходниот и следниот. Утрешниот ќе биде поинаков од тој пред три години, а и од последниот минатиот месец. Како да е судбина да играме против Ерменија, квалитетни се и нема да ги потцениме“., рече Милевски.

Можете да прочитате

Димитриевски: Верувам дека и утре нема да примам гол

Џејмс Варди заминува во Саудиска Арабија?

Неверојатни цени на билети за последниот меч на Надал