Утрински Весник
Македонија

Автомобил удри во трактор – еден тешко повреден

Prevrnuti Traktor.jpg

Тракторист е тешко повреден при судир со „волво“ на магистралниот пат Радовиш – Струмица.

– На 10.10.2024 во 18.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, во село Владевци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 53“ без регистраски ознаки, управуван од В.С.(61) од село Едрениково, општина Василево и патничко возило „волво‘‘ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(65) од село Покрајчево, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, стои во денешниот полициски билтен,

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Можете да прочитате

Сиљановска Давкова: Нас никој не нѐ ослободи, сами се ослободивме со помош на над 110 илјади Народно-ослободителна војска за Македонија

“На овој ден ја славиме херојската борба на борците за слободa на нашата држава” Африм Гаши го честита Денот на народното востание

Наставничка по танц пријавила во полиција агресивно однесување од машко лице