Утрински Весник
Македонија

Денес (петок) натпросечно топло време со летни температури, но и со локален дожд, проследен со ретки грмежи!

Meteoalarm.mk 8.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (петок) во Македонија и понатаму ќе имаме натпросечно топло време со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Сепак, времето ќе биде променливо облачно, а ќе дува  и ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, кои во попладневните часови локално, особено во северните предели ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Во Скопскиот регион денес (петок) исто така ќе биде натпросечно топло со максимална дневна температура која ќе се искачи до околу 27, 28 степени. Сепак, и во делови од Скопскиот регион ќе има услови за повремен дожд, кој попладне би можел да биде пороен и проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од неповолни временски услови во Македонија, но и во цела југоисточна Европа “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите