Утрински Весник
Свет

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за граѓаните кои не се од членки на ЕУ

Eu.jpg

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за влез и излез за патниците кои не се членки на ЕУ, што требаше да започне на 10 октомври, откако Германија, Франција и Холандија изјавија дека нивните компјутерски системи на границата се уште не се подготвени.Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска им изјави на новинарите дека „10 ноември повеќе не е на маса“.
Таа рече дека нема нов датум за воведување на новиот систем, но дека се разгледува можноста за етапно воведување.

Електронскиот систем за влез/излез (Entry/Exit System -EES) требаше да создаде дигитална база на податоци што ги поврзува патните документи со биометриски отчитувања кои го потврдуваат идентитетот на лицето и што ја елиминира потребата да се ставаат печати во пасошите на надворешните граници на ЕУ.

Можете да прочитате

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција