Утрински Весник
Македонија

Викенд Метео анализа: Се очекува опаѓање на температурите, како и северен ветер!

T2m 097 Crop 1.png

За време на овој викенд, под влијание на северно воздушно струење, очекуваме опаѓање на утринските  и на дневните температури на воздухот, но сепак, и понатаму времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.

Во сабота, особено Долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

И во Скопје  и околината за време на овој викенд ќе имаме слично време. Во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, наутро, особено во недела ќе биде значително постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени, додека максималните дневни температури на воздухот за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, што значи дека ќе бидат пониски за 3 до 5 степени во однос на оние кои ќе ги имаме овие два дена.

Во Скопје температурата за време на викендот ќе се искачува до околу 23 степени, додека наутро, особено во недела ќе биде значително постудено со минимална температура која ќе се спушти до околу 6 степени.

Можете да прочитате

Миноски бара „рестартирање на системот“ и проверка на потеклото на имотот на функционерите од 1990 година

Ахмети се повика на Мицкоски и побара избори – Единствениот излез се предвремени парламентарни избори

Американската амбасада во Софија издаде безбедносно предупредување за цела Европа пред празниците