Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Во заедничка акција со ПОЦ и МВР ги креваме хаварисаните возила, кои со години узурпираат јавен простор

Gerasimovski.jpg

Општина Центар заедно со пајак службата при Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР денеска ги крева хаварисаните возила кои не се во возна состојба и со години зафаќаат паркинг простор или се на јавна површина. Во денешната акција ќе се подигаат хаварисани возила спроти Соборниот храм и пред бараките на Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека оваа акција се спроведува со цел да се промени сликата во општината и се ослободи јавниот простор.

„Денеска започнавме со акција за кревање на хаварисаните возила со цел да ги дислоцираме од просторот кој со години го узурпираат. Дел од возилата не само што зафаќаат слободно паркинг место туку го попречуваат движењето на пешаците и ја грдат сликата во општината. Затоа сакаме да го решиме овој проблем и конечно ставиме крај на проблемот со хаваросани возила“, вели Герасимовски.

Директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски вели дека акцијата за бесплатно подигање на хаварисаните возила која се спроведува заедно со Општина Центар ќе се спроведува континуирано.

„Во согласност со сопственикот на хаварисаното возило ние го носиме во лиценцирани отпади кои селектираат суровини. Сопственикот може да присуствува на проценката и за возилото да добие надоместок секако во зависност од проценката за големината и тежината на возилото. Акцијата која ја правиме денеска ќе продолжи и во иднина“, објаснува Коцевски.

Инспекциските служби на Општина Центар во изминатиот период започнаа со ставање на известување односно опомени до имателите на хаварисаните возила за истите да се јават на телефонски број 076 350 767 со цел ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ бесплатно да го кренат возилото и го однесат во отпад каде истото ќе им биде проценето согласно откупната цена за старо железо.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

Утре делови од една скопска општина без вода