Утрински Весник
Спорт

Грчки репрезентативец пронајден мртов во својот дом

E298210d 34b5 4e2d B67a 9d454d0b04cf.jpg

Фудбалерот на Панатинаикос и на грчката репрезентација Џорџ Балдок (31) вечерва бил пронајден мртов во базенот во својот дом во Атина, јавуваат грчките медиуми.

Балдок е пронајден под вода и немало начин да се спаси, пишуваат грчките медиуми, а деталите за трагедијата се уште не се познати.

Балдок летово се пресели во Атина откако стана играч на Панатинаикос. Роден е во градот Бакингем, Англија, каде го поминал целиот свој живот, а за грчката репрезентација почна да игра во 2022 година благодарение на неговата баба, која била Гркинка.

Фудбалската кариера ја започна во Милтон Кејнс Донс, потоа седум години минал во Шефилд Јунајтед, за кој забележа 83 настапи во Премиер лигата. За Грција играше 12 пати.

Можете да прочитате

Надал ја заврши кариерата – 24info.mk

Македонија денес против Летонија во рамките на Лигата на Нации

Мората: Се борев со денови со депресијата