Утрински Весник
Македонија

Труење со храна е веројатната причина за смртта на мајката и детето во тетовското село Слатино

Ojo.jpg
Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство Тетово и Министерството за внатрешни работат на расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете.

Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето. Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство.

Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат