Утрински Весник
Македонија

Во атар на село Јелошник најдени човечки остатоци – според облеката и предмети се работи за лице пријавено за исчезнато во август годинава

20241009115026 Big 730x400 68.webp.webp

СВР Тетово денеска информира дека биле најдени човечки остатоци, а според облеката и предмети станува збор за 81 годишната Олгица Димитровска, која семејството ја пријави за исчезната на 11 август 2024 година.

Во полицискиото одделение во Теарце вчера околу пладне било пријавено дека на место викано „Караџица“, атар на село Јелошник, биле пронајдени човечки коски.

– Увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид, при што било констатирано дека најверојатно се работи за О.Д.(81) која имала здравствени проблеми, а за која на 11.08.2024 година во Полициското одделение Теарце нејзината ќерка Т.Г. пријавила дека се оддалечила од домот и според описот во пријавата се совпаѓа облеката и предметите пронајдени кај телото. По наредба на обвинителот деловите од телото биле предадени на обдукција, информираа од СВР Тетово.

По пријавувањето на исчезнувањето на Олгица на 11 август, семејството побара помош за нејзино наоѓање и преку социјалните мрежи и медиумите. Неколку дена во атарот на селото Јелошник беа организирани повеќе неуспешни потраги во кои учествуваа специјални единици на МВР, планинари, алпинисти, пожарникари и граѓани.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим