Утрински Весник
Македонија

Министерот Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и за услуги

Rozov.png

Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација, денеска во новите простории на Министерството за дигитална трансформација, пред медиумите и граѓаните го презентираше сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада.

Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI. „Аплицираме на програма на Европската унија која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за административни услуги. Овој проект, наречен Supper App ELI, со вредност од 1.200.000 евра, е дел од иницијативата на Дигитална Европа. ЕЛИ ќе биде револуција во пристапот до јавните услуги,“ изјави Андоновски.

Најави и дека секој граѓанин ќе има пристап до административните услуги директно преку својот мобилен телефон.

Во рамки на овој проект се работи на воведување на дигитална верзија на лични карти и возачки дозволи, познати како мобилен паричник (ID Wallet). Дигиталниот паричник ќе претставува револуција во начинот на кој граѓаните се идентификуваат и пристапуваат до услуги.

Тој рече дека Министерството работи на целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk.

„Свесни дека постоечкиот изглед на порталот за е-услуги не ги исполнува целосно потребите на граѓаните, се зафативме за сериозни подобрувања на порталот. За кратко време ќе имаме обновен портал за услуги со изглед кој е поинтуитивен и полесен за користење, кој ќе понуди нови функционалности и пристапност за лицата со попреченост и нови услуги и ќе се осигураме дека тие одговараат на реалните потреби на граѓаните.“, подвлече Андоновски. „Веруваме дека со овие подобрувања, ќе создадеме портал кој навистина ќе ги задоволува потребите на нашите граѓани и ќе прерасне во едноставна и единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите.“ потенцираше Андоновски.

Во своето излагање најави и 100 нови електронски услуги во 2025 година, достапни на порталот за услуги.
Секоја од овие услуги ќе биде базирана на анкетата која ја спроведовме со приватниот сектор, но и анализите кои произлегуваат од институциите. Овие нови услуги ќе опфаќаат широк спектар на области, од административни процедури во МВР, до услуги од ПИОМ, Министерство за правда, итн.“, рече тој.

Министерството најави дека со воведувањето на новите услуги, се очекува значително да се зголеми бројот на активни корисници на порталот и да се подобри ефикасноста на државната администрација. „На овој начин создаваме единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите. Ова е иднината на дигиталната трансформација во нашата земја“, заклучи Андоновски.

Можете да прочитате

Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025 – 2027

Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите” а водевте вазални политики

Врховен го спаси од пропаѓање ,,Талир”, судењето за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ продолжува