Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ја заглави „Национални шуми“, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Petrushevski65.jpg

Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по комитенти, нема податоци за основот и старосната структура на истите, ниту дали се преземени дејствија за наплата“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ревизијата која е извршена за 2021 година, а изготвена во 2023 година, покажува дека влада на СДС и ДУИ се однесувале кон Национални шуми како бунар без дно.

Имено Извештајот покажува дека во 2021 година Национални шуми има ненаплатени побарувања од 62 милиони денари, што е над 1 милион евра.

За 47 милиони денари, односно 800.000 евра, нема аналитичка евиденција, не се знае ниту основот, ниту староста.

Седум години Национални шуми тонеше.

Не е чудо што кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде владата, претпријатието немаше ниту за плати.

Неспособноста завршува со СДС. ВМРО-ДПМНЕ работи 100% одговорно, за твојата иднина“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Жена пешак удрена од автомобил во центарот на Скопје

Уапсени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без дозвола, двајца со активна забрана

Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители