Утрински Весник
Македонија

Уапсен косовски државјанин – се сомничи дека го подметнал пожарот во тетовската општинска зграда

Policija 3 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 07.10.2024 во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци