Утрински Весник
Свет

Русите го кренаа степенот на подготвеност на лансирните системи што можат да носат нуклеарно оружје

20241008074538 Big 730x400 9.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Системи за лансирање ракети способни да носат нуклеарно оружје се ставени во состојба на готовност, јавија руските државни медиуми, пренесува Њузвик.

Новинската агенција ТАСС објави видео за кое вели дека ги прикажува системите за лансирање на интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ) лоцирани во Новосибирск, во Сибир. На видеото снимено преку ден се гледа како оружјето се вади од магацин.

Агенцијата објави дека се проверува „подготвеноста на персоналот и опремата за ситуацијата на теренот“.

Јарс РС-24 (НАТО ознака СС-29) е стратешка нуклеарна ракета со дострел до 12.000 километри и распон на прецизност од 250 метри. Може да се постави на носачи на камиони или да се распореди во силоси.

Од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин упатуваше закани за употреба на нуклеарно оружје, кои беа засилени од пропагандистите на Кремљ, кои ги фалат нуклеарните способности на Москва и се закануваат со напади врз земјите кои го поддржуваат Киев.

Путин минатиот месец најави промени во нуклеарната доктрина на Москва, во кои се наведени околностите под кои Русија може да користи нуклеарно оружје. Промените вклучуваат можност за негова употреба против држави кои имаат поддршка од нуклеарни сили, што би можело да се однесува на Украина доколку Западот и дозволи да користи оружје со долг дострел на руска територија. 

Можете да прочитате

Орбан: Воената помош за Украина ја ослабува ЕУ наместо да ја зајакнува

Во Иран уште една егзекуција на обвинет за шпионажа во корист на Израел

Зеленски: Заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација во САД