Утрински Весник
Македонија

Почина Михаил Ренџов – 24info.mk

Mihail Ren Ov.webp.webp
Dik 300x250 mk

Почина Михаил Ренџов (88), еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач. Веста за неговата смрт ја објави неговиот син, музичарот Петар Ренџов.

Михаил Ренџов е роден на 25 август 1936 година во Штип. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар.

Автор е на книгите: Иселеник на огинот (поезија, 1965); Ноќно растење на зборот (поезија,1967); Каде од оваа страна ( поезија, 1968 ); На работ од сонот (поезија, 1972); Страв (поезија, 1976 ); Полноќ (поезија, 1979); Нерези ( поезија, 1982 ); Аутодафе (поезија, 1985); Феникс (поезија, сонети, 1987); Земја. Потоп (поезија 1991); Сонување патување (поезија за деца, 1991); Тој (лирска поема 1993); Шпил 33 (поезија, 1994); Вечната, бесконечната (поезија, 1996); Јас оксиморон (поезија, 1998); Ангела сонува (поезија за деца, 1998); Псалми (поезија, 2000); Апокалипса (драмска поема, 2002); Захариј и други раскази (раскази, 2004); Галичица (поезија, 2007); Расеано собрано (есеи, записи, патописи 2008); Предвесница (поема, 2009); Сонети (поезија, 2010); Ракопис – Душопис (ракописна книга поезија, 2011); Издишки (поезија, 2013); Окарина (поезија, сонети, 2015); Јас. Елегии (поезија, сонети, 2017).

Добитник е на бројни награди меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата Нерези (1982), „Григор Прличев“ за поемата Тој (1993), „Ацо Шопов “ за книгата Јас Оксиморон (1999), „Рациново признание“ за книгата Захариј и други раскази ( 2004), Награда „Григор Прличев“ за поемата Предвесница (2009), „Браќа Миладиновци“ за книгата Јас. Елегии (2017).

Во 2022 го доби орденот „Свети Никола“, што се доделува на заслужни граѓани кои се родени и потекнуваат од Штип.

Можете да прочитате

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади