Утрински Весник
Македонија

Лицата со попреченост на протест – од јуни не се исплатени надоместоците за личните асистенти

Suuuaaarrreeettt.png

Иако во петокот персоналните асистенти и негователите на лицата со попреченост требаше да ги добијат надоместоците од по 17 000 денари, што не им се исплатени од јуни наваму , тоа не се случи. Па, од Коалицијата „ Менуваме“ , која ги застапува правата на хендикепираните граѓани, велат дека биле излажани од Министерството за социјална политика, демографија и млади и најавија протест, на 15 октомври.

Излажаа една категорија на лица со попреченост, кои и тоа како се зависни од таквите компензациони права, иако знаеме дека тие компензациони права не можат на нив да им ги вратат очите, рацете или нозете. Почитувани, денеска сме овде да објавиме протест за нашите стекнати права, за да ги зачуваме, рече Суарет Алишан , координатор на Коалиција „ Менуваме“.
Алишан побара и оставка од министерот за социјална политика, а до премиерот Мицкоски апелираше дека со неисплаќањето на личните асистенти, лицата со попреченост се казнети.

Г-не Мицко, имавте Вие слоган, се сеќавам „ Горда Македонија “, „ Твоја Македонија“, ама јас ќе го заокружам, тоа е „ Горка Македонија“, кажа Алишан.
Провајдер на услугата е Црвениот Крст на Македонија . Од таму бараат транспарентност за проблемот, зашто велат дека биле притиснати од лицата со попреченост околу исходот на ситуацијата.

Од ресорот Социјална политика велат дека по консултација со Министерството за финансии, добиле потврда дека исплатата на надоместоците за личните асистенти ќе се реализира денеска. Таа ќе ги опфати заостанатите надоместоци за јуни, јули и август.

Можете да прочитате

Цените на становите продолжуваат да растат

Тачи: ДПА веќе нема да биде дел од Европскиот фронт

Мицкоски го обвинува ССМ за политичка манипулација, Синдикатот инсистира на итно покачување на минималната плата