Утрински Весник
Македонија

Јакимовски поднесува кривична пријава до МВР за лажно пријавување – „Предметот е чист, ова е политичка игра“

1 2.jpg

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, остро реагираше на последните обвинувања за наводни неправилности во врска со одредени имотни постапки во општината, тврдејќи дека станува збор за политички монтиран процес. Според него, целата ситуација е резултат на пропаганда и обиди за политичко влијание, со цел да се дискредитира неговото работење.

„Предметот е чист како солза, а оние кои пријавиле тоа можеле да го увидат на само еден состанок во општината. Поради целата помпезност, јасно е дека станува збор за политички монтиран процес“, изјави Јакимовски.

Според градоначалникот, овој случај е јасно видлив како политичка манипулација, која, како што вели, не бара посебна експертиза за да се увиди. „Од сателит се гледа дека е политички монтиран процес, каде колегите кои го работеле предметот страдаат само затоа што градоначалник им е Стевче Јакимовски. Ако некој сака да се занимава со маркетинг и пропаганда, нека се вработи во маркетинг агенција, а не во МВР, каде се плаќаат од народни пари“, додаде Јакимовски, критикувајќи ги институциите што, според него, се фокусираат на политички напади наместо на организиран криминал и корупција.

Јакимовски нагласи дека овој случај не е изолиран, посочувајќи примери на други имоти и објекти кои поминале низ слични процедури и добиле легална регистрација. Тој се осврна на примери како тениските терени во Скопје, изградени од страна на Владата на РМ во 2013 година, кои се впишани во катастар и имаат имотни листови. „Владата тврди дека станува збор за времени објекти, но документите покажуваат поинаку. Спортските терени во други општини се впишани во катастар, но во Карпош тоа наводно не може“, коментира Јакимовски.

Градоначалникот истакна дека и хотелот „Александар Палас“ имал одобрение за градба на земјиште дадено на трајно користење со надомест кон државата, но поради ненавремено поднесена документација, објектот поминал низ процес на легализација според законот од 2016 година, што резултирало со плаќање на 170.000 евра за постапката.

„Сакам да прашам како тоа сите спортски терени во другите општини се впишани во катастар и имаат право на сопственост, додека само Александар Палас во Карпош нема такво право,“ заклучи Јакимовски, критикувајќи го пристапот на властите и нивната селективна примена на законите.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!